Највисокоите кинески официјални лица не ја алармирале јавноста цели шест дена, откако утврдиле дека најверојатно ќе се соочат со новата пандемија на коронавирусот, пренесува АП.
За време на тие шест дена, се одржала прослава во градот Вухан, од каде потекнува заразата, на која присуствувале десетици илјади луѓе, а милион други тргнале на патување во пресрет на Кинеската нова година.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ги предупреди граѓаните на седмиот ден, 20 јануари, но дотогаш повеќе од 3.000 луѓе веќе биле заразени, покажуваат документите до кои „Асошиејтед прес“ имал увид и експертски проценки.
Одложувањето во објавувањето од 14 јануари до 20 јануари не била првата грешка во борбата против коронавирусот ниту најдолго чекање на мерките што треба да се спроведат, бидејќи владите низ целиот свет со недели се двоумеа за воведување на остри мерки.
Зуо-Фенг Џанг, епидемиолог од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, вели дека би имало значително помалку пациенти и ќе биле потребни помалку здравствени установи доколку кинеските власти преземале акција шест дена претходно.
„Можеби можевме да го избегнеме падот на здравствениот систем во Вухан“, рече Зуо-Фенг.
Други експерти посочиле дека кинеската влада можеби долго чекала да ја алармира јавноста, за да избегне паника, а дека заа тоа време презела мерки во тајност.