Медиумските гиганти најавија војна против пиратеријата на интернет

од desk2
107 прегледи

Медиумските гиганти како Disney, Netflix иi Amazon објавија војна на пиратеријата и најавуваат голема борба на интернет за да ги заштитат своите производи и да ја намалат штетата од 1,2 милијарди долари.

Минатата година, „пиратските страници“ забележаа повеќе од 21,4 милијарди посети, па Disney и останатите медиумски џинови одлучија редовно да го пребаруваат инетернетот во потрага по украдени содржини, а потоа да соработуваат со властите за пиратите да бидат уапсени.

Големите производители на филмови, серии и емисии на различни содржини тврдат дека имале незамисливи финансиски гупитоци.

Пиратите толку се опуштиле што почнале да бараат откупнини за сериите и филмовите кои ги крадат од производителите.
Познат случај на кражба е на необјавени сезони од серии на Netflix, а минатиот месец и Disney се најде во слична ситуација, кога хакери бараа откупнина за украденото продолжение на „Пиратите од Карибите“.

На новонастанатото здружение за сузбивање на пиратеријата најмногу му пречи што новите серии и филмови речиси редовно може да се најдат на пиратски web-страници неколку часови пред емитувањето.

Минатата година од интернет се симнувани филмови и серии наменети за ударните термини, што предизвика голема финансиска штета.

Медиумските гиганти, производители на програма, наведуваат дека гонејќи ги пиратите, всушност ќе се занимаваат со заштита на потрошувачите.

Тврдат дека многу пиратизирани материјали содржат и штетен софтвер, кој кај оние кои ги симнуваат моѓе да предизвикаат проблеми.