Меџити: Потпишана е одлуката за набавка на ленти за лицата со дијабет

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат.

– Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се наведува во соопштението.

Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.

-Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.

Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ.

Слични содржини