Медведев: Поддршката на САД за Украина нема да трае долго

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, изјави дека верува оти поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина нема да трае долго.

Тој на Телеграм напиша дека во одреден момент Конгресот на САД ќе престане да ја поддржува Украина, бидејќи, како што наведе, „Америка секогаш ги напушта своите пријатели“, пренесува ТАСС.

Медведев напиша дека „обичните Американци полека ја сфаќаат реалноста, што ќе влијае на Конгресот, кој на крајот ќе престане безрезервно да го поддржува украинскиот режим“.

Слични содржини