Неодамна беше соопштено дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ќе патува сама во САД за да ги посети семејството и пријателите, но медиумите шпекулираат дека главната причина е да ги смири страстите и да ги „измазни“ односите со одредени членови од семејството.

А нејзиното семејство воопшто не ѝ помага во одржувањето на имиџот откако таа влезе во британското кралско семејство.

Дарлин Блант, свршеницата на полубратот на Меган, Томас Маркл Џуниор, беше уапсена во Орегон. 37-годишната Дарлин го помина викендот зад решетки и беше ослободена со кауција. Според очевидци, идната снаа на војвотката од Саддекс била уапсена по пријава за семејно насилство во домот што го дели со Томас.

Ова не е прв инцидент меѓу двојката. На дочекот на Нова година полицијата интервенирала откако Дарлин физички го нападнала Томас и тогаш ја помина ноќта во притвор. Во јануари, 2016 година, Томас бил уапсен бидејќи во пијана состојба ѝ држел вперен пиштол на Дарлин во глава.

Скандалот се дозна откако беше објавена веста дека Меган ќе патува за САД. На ова се надоврзуваат и скандалите околу однесувањето на татко ѝ и коментарите на нејзината полусестра уште пред свадбата, па се очекува таа да им објасни кои работи се очекуваат од нив сега кога таа е дел од кралското семејство.
Уште не е познато кога ќе се случи патувањето, но се шпекулира дека поранешната актерка би можело да отпатува кон крајот на неделава.

Засега со сигурност се знае само дека на одморот ќе се види со мајка ѝ која ја нема видено од венчавката во мај.
Исто така се шпекулира дека Меган сака сега да патува до САД, пред да забремени, кога прекуокеанските летови би ѝ биле тешкотија.