Меѓународниот суд на правдата донесе одлука за итни мерки против Израел

од Stefanija Kuzmanovska
817 прегледи

Судиите на Меѓународниот суд на правдата денеска донесоа одлука за итни мерки против Израел, по обвинувањата на Јужна Африка дека операцијата на израелската армија во Појасот Газа претставува геноцид.

Меѓународниот суд на правдата во петокот донесе првична одлука во која се наведува дека постои веројатен ризик Израел да изврши геноцид таму и го отфрли барањето на Израел да го отфрли случајот на Јужна Африка.

„Според мислењето на судот, се чини дека барем некои од дејствијата и пропустите извршени од страна на Израел во Газа може да спаѓаат во одредбите на Конвенцијата за геноцид. Во светлината на следново, судот заклучува дека има надлежност да го разгледува случајот според Членот 9 од Конвенцијата за геноцид и смета дека не може да го прифати барањето на Израел за отстранување на случајот од општата листа“, рече судијката Џоан Донаху.

По презентирањето на серија цитати од високи израелски политичари и претставници на ОН, Донаху рече дека „наведените факти и околности се доволни за да се заклучи дека барем некои од правата кои ги полага Јужна Африка и за кои таа бара заштита се веродостојни“.

„Ова е случај во врска со правото на Палестинците во Газа да бидат заштитени од акти на геноцид и сродни забранети дејствија утврдени во член 3 и правото на Јужна Африка да бара Израел да ги почитува обврските според конвенцијата“, наведе судијката, додавајќи дека ситуацијата во Гази е многу чувствителна.

Таа нагласи дека е неопходно судот „да укаже на одредени мерки“.

„Со оглед на условите на привремените мерки кои ги бара Јужна Африка и околностите на случајот, судот заклучува дека наведените мерки не мора да бидат идентични со оние кои се барани. Судот смета дека, со оглед на моменталната ситуација, Израел мора да се придржува кон своите обврски според Конвенцијата за геноцид во однос на Палестинците во Газа, и да ги преземе сите мерки во рамките на нејзините овластувања за да го спречи извршувањето на сите дела според членот два од Конвенцијата“, подвлече Донаху.

Слични содржини