Меѓу фудбалериве се повеќе ајдуци! Ужас за Ето, му се закануваат 10 години затвор

од desk3
92 прегледи

На Самуел Ето му се закануваат 10 години затвор во Шпанија! Со оваа вест излезе спектакуларно шпанското издание “El Pais”.

Поранешниот напаѓач на Барселона е обвинет за даночни измами, со кои ја лишил шпанската држава со над 3 милиони фунти. Тоа се случило меѓу 2006 и 2009 година, кога Ето играше на “Камп Ноу”.

638-397-samuel-etoo

“El Pais” открива дека 35-годишниот Камерунецот, кој во моментов игра за Анталијаспор избегнал плаќање даноци преку комплексна и незаконска шема за своите имиџ права.

Ето имал две компании, една во Шпанија и една во Унгарија, што му е дозволувало да ги пренесе своите права и да не плаќа даноци. Покрај тоа Ето е обвинет затоа што е прибира огромни суми од Пума без да плаќа даноци за нив. Средствата кои Ето ги добивал од германскиот концерн се помеѓу 1,5 и 3 милиони евра по сезона. Очекувањата се Ето да се раздели и со крупна сума од 14 милиони евра.

Слични истраги доведоа до откритија за даночни измами и на други играчи на Барселона во лицето на ЕЗ Меси и Хавиер Маскерано. Тие сепак останаа само со парични казни. Такви се очекувањата и во случајот на Ето, но случајот на Камерунецот е и најтежок, па не е јасно што ќе се случи.