Мекдоналдс најде купувач за рестораните во Русија, следи ребрендирање

од Nikola Popovski

Мекдоналдс најде купувач за своите ресторани во Русија, кои ги напушта поради војната во Украина. Според Би-Би-Си, Александар Говор, кој моментално поседува 25 ресторани на Мекдоналдс во Сибир, со целиот персонал ќе ги преземе преостанатите 850 ресторани во Русија и ќе се ребрендира, соопштено е.

Компанијата не ја објави цената, но им порача на инвеститорите дека заминувањето од Русија ќе ги чини околу милијарда долари.

Мекдоналдс е присутен во Русија повеќе од 30 години. Првиот ресторан беше отворен во Москва во 1990 година, а во тоа време беше симболичен знак за смирување на тензиите од Студената војна.

Александар Говор поседува лиценца за франшизата на Мекдоналдс од 2015 година. Тој е, исто така, еден од основачите на компанијата за обработка „Нефтекхимсервис“ и член на Управниот одбор на компанијата која поседува хотели и приватни клиники „Парк Ин“ во Сибир.

Продажбата ќе ги спаси работните места на 62.000 работници на Мекдоналдс во Русија, во период од најмалку две години.

Слични содржини