Меки цимет-ролни, вкус кој не се заборава

од Elena Daskalova

Ролните со цимет се еден од највкусните ароматични десерти, кои со помош на овој рецепт можете и самите да ги подготвите дома.

Потребни состојки:

350 гр брашно
50 гр шеќер
50 гр путер
Едно јајце
Една кесичка сув квасец
Малку сол
120 мл млеко
60 мл вода

За фил:

150 гр кафеав шеќер
60 гр путер
20 гр цимет
Ванилин шеќер

За прелив:

60 гр путер
350 гр шеќер во прав
7 лажици млеко

Подготовка:

Во чинија ставете го млекото од состојките за тесто, додајте го квасецот и малку шеќер. Оставетр 10 минути да нарасне, па ставете го остатокот од шеќерот, путерот и јајцето. Измешајте, па направете тесто со сувите состојки. Оставете го тестото да нарасне еден час.

Во меѓувреме подгответе го филот од кафеавиот шеќер, путерот и циметот. Рассукајте го тестото да добие правоаголна форма. Врз целата пворшина премачкајте со мешавината од путер и кафеав шеќер со цимет и ванила. Завиткајте го во ролна и потоа сечете парчиња со дебелина од околу 3 сантиметри.

Секоја ролна ставете ја во плех со хартија за печење, на доволна оддалеченост една од сдруга, бидјеќи нараснуваат и во текот на печењето. Оставете да отстојат 45 минути. Печете на 200 степени 15-20 минути.

Од состојките за прелив направете го преливот, па откако ќе се изладат испрскајте ги со него.

Слични содржини