Мексико: 37 лица загинаа во пожар во центар за мигранти

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на мексиканската држава Чивава денеска соопшти дека 37 мигранти загинале во пожар во Националниот миграциски центар на Мексико во Сиудад Хуарез, во близина на границата со САД.

Во соопштението се наведува дека пожарот настанал откако властите собрале околу 70 мигранти кои се наоѓале на улиците на градот, пренесе Си-Ен-Ен.

Спасувачите волонтери за „Ројтерс“ изјавија дека има и многу повредени мигранти.

Слични содржини