Меланија и Доналд спиеле во одвоени соби во Трамп Тауер, со денови не се гледале

од desk2
85 прегледи

 

Новата книга на Мајкл Волф за претседателот на САД Доналд Трамп откри дека брачната двојка живее одвоени, спиеле во различни соби, а и по неколку дена можеле да не се видат, пред да се преселат во Белата куќа.

Во книгата”Fire and Fury: Inside the Trump White House“ авторот тврди дека Доналд и Меланија поминувале многу малку време заедно, а првата дама никогаш не знаела каде и е сопругот пред да стане претседател.

Меланија не знаела многу ни за неговиот бизнис и глумела лажен интерес. Од друга страна, Доналд во разговорите Меланија ја спомнувал по изгледот и ја ословувал како трофејна жена пред луѓето. Тој ретко бил присутен и во животот на својот 12-годишен син Барон.

Авторот наведува дека Меланија се грижела дека изборот на Доналд за претседател ќе и го уништи животот што го градела, а во кој се фокусирала на воспитување на Барон. Планот бил Доналд да победи со пораз на изборите. Би бил многу популарен, а неговата ќерка Иванка и сопругот Џаред Кушнер, би биле „celebrity“. Планот бил да стартуваат ТВ мрежа.

За време на инаугурацијата, Волф тврди дека, Меланија едвај се воздржувала да не заплаче, затоа што не сакала таков живот. На ова во прилог му оди и одлуката на Меланија да не се пресели во Белата куќа се додека не заврши образованието на Барон. Сега спорадично учествува на настани на кои првата дама треба да се појави. И во Белата куќа наводно спијат во одвоени соби.

Трамп се негираше, како и Белата куќа, наведувајќи дека книгата е преполна лаги и дезинформации.