Првата дама на Америка денеска отпатува во Африка каде што ќе посети четири држави во името на администрацијата на својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп.

Меланија Трамп на своето прво самостојно патување во странство кое ќе трае околу една седмица, ќе ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет.
Меланија својата посета на африканскиот континент ќе ја започне денес во Гана. Нејзината портпаролка Стефани Гришам изјави дека турнејата ќе биде од „дипломатски и хуманитарен карактер“ и ќе биде фокусирана на нејзината кампања “#BeBest” посветена на децата.
Melania Trump: US first lady set for solo Africa trip: Donald Trump's wife is set to visit Ghana, Kenya, Malawi and Egypt to promote her Be Best campaign. https://t.co/GpUByizaF3 pic.twitter.com/ThKvLAWDLo
— AfricaNewsPress (@AfricaNewsPress) October 2, 2018
Како што пренесуваат американските медиуми, Доналд Трамп ја нема посетено Африка откако ја превзеде должноста претседател на Соединетите Американски Држави на почетокот на 2017-та година, а беше остро критикуван поради неговото наводно навредување на имигрантите од африканските земји.
„Ние ја сакаме Африка. Африка е многу убава, најубава на светот на многу начини“, изјави неодамна американскиот претседател Доналд Трамп, иако не така одамна се запрашал: „Зошто ние ги сакаме тие луѓе од Африка овде? Од тие sh*thole земји“.
Спротивно од својата претходничка Мишел Обама која што беше популарна и константно присутна на телевизија и магазините, Меланија најчесто е во втор план во однос на својот сопруг кој што според многумина, своето „претседателство“ го претвори во најголемото шоу на светот.
Инаку, Доналд Трамп во овој период патува низ САД и одржува по неколку митинзи неделно затоа што преостанува само еден месец до конгресните избори на кои што неговата Републиканска партија би можела да го загуби мнозинството.