Мелони: Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина во отпорот на руските напади, без оглед на краткорочното влијание кое овие избори може да го имаат врз рејтингот на италијанската влада, изјави премиерката на земјата Џорџа Мелони.

„Ќе продолжиме да го правиме тоа затоа што е правилно во однос на националните вредности и интереси“, рече таа во говорот пред Сенатот во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 март.

„Во Украина сè уште нема место за праведен мир, но ќе продолжиме да се стремиме кон него“, додаде Мелони, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини