Мелони: Нашата совест во однос на мигрантите е чиста

од Vladimir Zorba

Италијанскaтa премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека се додека во Италија пристигнуваат бродови во лоша состојба под лоши временски услови, ќе има несреќи во кои ќе учествуваат мигранти.

Таа го кажа ова во италијанскиот парламент кога пратеник праша за неодамнешната несреќа недалеку од брегот на Италија во која загинаа десетици мигранти.

„Совеста ни е чиста, се надевам дека тие што ја напаѓаат власта и не кажуваат ништо за шверцерите можат да го кажат истото“, рече Мелони, пренесе „Анса“.

Слични содржини