Мелтата ги опфаќа сите и партиските структури и директори и надзорни и управни одбори

од Марта Пешевска
118 прегледи

Петар Атанасов сакаше да биде министер, јас не му дозволив и  затоа е неговото пишување

На прашањето што всушнот опфаќа метлата, во вечерашното интервју за Тв Сител премиерот Заев прецизира дека ќе бидеат сменето преку 200 функционри

-Тука влегуваат локалните шерифи, дали претседатели на СДСМ или  партиските органи, тука ќе се изредат нови потпретседатели, така започнавме, вели Заев. Големата бројка е од  другите директорски места,  потоа дел од заменички места,   управни и надзорни одбори, се ке се менува се до   врвот на министрите, ете така ја примивме поракта, и верувам дека успешно ги завршуваме реформите.

Ние сме за севкупна политичка промена се на се повеќе од 200 луѓе и се тоа ќе се заврши до крајот на јуни.

Во однос на пишувањата на заменик министерот кој се огласи на Фејсбук , Петар Атанасов , Заев многу прецизен:

-Петар Атанасов сакаше да биде министер, затоа е незадоволен, тоа се негови лични ставови.

Во образование јасно ги отворивме дебатите за да направиме вистински систем.

Учествуваат сите и отворено е за секого. Жалам што тој така го направи тоа и објасни, и сеа јас морам да кажам дека употребата на ваквите зборови е поради тоа што  тој  не доби  министерска позиција. Тоа го бараше и не го доби, и тоа е тоа секој не може да биде министер, одговори Заев.