Мемфис: Отпуштени медицински техничари кои први пристигнаа на местото каде што беше претепан црнец

од Radmila Tasevska

Не стивнуваат реакциите на американската јавност за фаталното претепување на црнец Тир Николс, додека критичарите на полициските акции ширум земјата бараат реформи. Шефот на противпожарната служба на Мемфис, Џина Свит, вчера изјави дека двајца медицински техничари и еден поручник се отпуштени поради несоодветна медицинска интервенција.

Полицијата го запрела Николс поради сомневање дека возел несовесно. Полицајците го извлекле од автомобилот, а тој побегнал откако полицајците употребиле пепер спреј и електрошок за да го принудат да легне на стомак. Неколку минути подоцна, полицајците го фатија на друга локација и почнаа да го удираат со нозе, а подоцна беа објавени снимки.

Николс почина три дена подоцна од повредите, а тепањето предизвика поширока јавна дебата за тоа како американската полиција користи сила, особено против црнците, пишува Си-Ен-Ен.

Болничарите Роберт Лонг и Џеј Мајкл Сандриџ беа отпуштени затоа што „не успеале правилно да го проценат пациентот Николс“ откако одговориле на повикот дека на некое лице му била испрскан пепер спреј. Отпуштена е и пожарникарката, поручник Мишел Витакер, која при интервенцијата останала во противпожарното возило.

Противпожарно возило со двајца медицински техничари пристигнало на местото на настанот околу 20:41 часот по локално време. Тие го забележале Николс како лежи на земја и повикале 911 во 20:46 часот, кој пристигнал во 20:55 часот и 13 минути подоцна се упатил кон болницата со пациентот.

Од објавеното видео се гледа дека медицинските техничари од противпожарното возило повеќепати се оддалечувале од Николс, кој на моменти паѓал на негова страна, пред да дојде Брзата помош. Полициската управа вчера соопшти дека за постапувањето во споменатиот случај се санкционирани вкупно седум полициски службеници.

Слични содржини