Мемоарите на Елтон Џон открија тајни од љубовниот живот на принцезата Дајана

од desk4

Легендарниот музичар Елтон Џон во своите мемоари откри приказни за принцезата Дајана кои никогаш претходно не беа достапни за јавноста. Тој се присети на вечерта кога Ричард Гир и Силвестер Сталоне за малку ќе се степале за нејзе.


Елтон Џон беше многу близок со британското кралско семејство, но за нив немаше посебно убаво мислење. Со принцезата Дајана тоа не беше случај. Според неговите зборови, таа со голема леснотија умеела да ги натера луѓето да ја засакаат и да се чувствуваат пријатно во нејзино друштво. Тоа бил нејзиниот благослов, а го наследија и нејзините деца, особено принцот Хари. Еве дел од неговите мемоари:
– Онаа фамозна фотографија на која Дајана држи за рака пациент болен од ХИВ – тоа е вистинската Дајана. Не мислам дека се обидуваше да остави посебен впечаток но очигледно успеа. Во тој момент навистина ја смени свеста на јавноста за СИДА-та.
Таа едноставно запозна некого кој е страда, умира во агонија и зошто да не му прижи рака и да го допре? Тоа е природен човечки рефлекс, да се обиде да утеши некого.
Во текот на годините кога ја знаев, беше феноменално друштво за забава, најдобра гостинка на сите собирања, неверојатно дирекна, вистинска озборувачка. Можевте да ја прашате било што, таа ќе ви раскажеше сѐ.
Тоа колку мене Дајана ме импресионираше беше ништо во споредба со ефектот кој го имаше над мажите. Изгледаше дека во нејзино присуство го губат разумот, како да се под некоја магија. Додека го снимав „Кралот лав“, Џефри Каценберг, директорот на Дизни, дојде во Англија. Со Дејвид Фурниш, мојот денешен сопруг, направивме забава за него и сопругата и го прашавме кого сака да го запознае, а тој без размислување рече – принцезата Дајана. Ја поканивме нејзе, Џорџ Мајкл, Ричард Куртис и неговата жена, Ричард Гир и Силвестер Сталоне, сите кои тогаш беа во државата. Се случи невообичаена сцена. Ричард Гир и Дајана на прв поглед се заинтересираа еден за друг. Таа во тој период беше разведена од Чарлс, а тој само што имаше раскинато со Сидни Крафорд. Заедно седеа пред каминот занесени во интимен разговор. Додека ние разговаравме, не можев да не забележам чудна атмосфера во собата. Силвестер Сталоне ги стрелаше со поглед. Очигледно не му се допадна блискоста меѓу Ричард и Дајана. Мислам дека дојде на забавата со намера да ја освои Дајана, но планот му пропадна. Вечерата беше сервирана, седнавеме зад масата, а Ричард и Силвестер ги немаше. Го замолив Дејвид да ги побара, а тој се врати со чуден израз на лицето: „Елтон, имаме ситуација“ – рече.
Тој ги нашол во ходникот како се расправаат и подготвени да се степаат, очигледно сакаа на тој начин да ги решат несогласувањата околу Дајана.
Откако ги смирил и поминала вечерата, Дајана и Ричард повторно се сместиле удобно пред каминот и продолжиле со разговорот, а Сталоне навреден си заминал кажувајќи „Да знаев дека ќе е тука „принцот на бел коњ“ немаше да дојдам. Да сакав можев јас да ја имам“.

Слични содржини