Музичарот Мерилин Менсон долго време не се појавуваше во јавноста, откако беше обвинет за силување.
По две години, тој за првпат беше фотографиран во јавноста, а неговиот изглед беше значително променет во однос на изданијата на кои беше навикната неговата публика.
Тој беше препознаен од папараците додека излегуваше од ресторан во Лос Анџелес во придружба на неговата сопруга Линдзи.
Популарниот музичар во јавноста се појавуваше во својот специфичен стил кој се одликуваше со силна шминка, ексцентрични фризури и бројни необични комбинации на облека.
Сега Мерилин многумина не би го препознале со оглед на тоа дека не носи шминка и видно се здебелил.
Пред две години, кога се ожени со својата партнерка Линдзи по осум години врска, Менсон престана да пие алкохол и оттогаш се здебели.
Тој не се појави во јавноста изминатава година поради низа обвинувања за сексуална злоупотреба со кои се соочи во текот на минатата година.