Меркел: Белорусија користи беспомошни луѓе во хибриден напад врз ЕУ

од Nikola Popovski

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел по втор пат разговараше за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија со рускиот претседател Владимир Путин, порачувајќи му дека Белорусија распоредува беспомошни луѓе во, како што беше соопштено, хибриден напад.

Меркел му рекла на Путин дека ситуацијата на границата, каде што има стотици замрзнати мигранти на ничија земја меѓу двете земји, ја предизвикала Белорусија, наведе во изјавата нејзиниот портпарол Стивен Зајберт, пренесе Ројтерс.

„Канцеларката нагласи дека ситуацијата е предизвикана од белорускиот режим, кој користи беспомошни луѓе во хибриден напад врз Европската унија“, се вели во соопштението на портпаролот Зајберт, додавајќи дека Меркел и Путин разговарале и за конфликтот во источна Украина.

Слични содржини