Европските политичари мора да се спротивстават на “струи кои сакаат да ја уништат Европа” , вклучувајќи ги и “политичарите кои се продаваат”, рече Ангела Меркел, цитирана од Фигаро. 

Таа го коментираше скандалот со случајот “Ибица”, кој го принуди австрискиот десничарски лидер Хајнц-Кристијан Штрахе да поднесе оставка од функцијата заменик-канцелар.

“Ние сме соочени со струи … кои сакаат ја да уништат Европа на нашите вредности и ние треба категорично да се спротивставиме”, изјави канцеларката на прес-конференција во Загреб пред седницата на Европската народна партија (ЕПП).

  Форумот се одржува една недела пред изборите во Европскиот парламент. Додека десничарските партии отфрлат вредности како заштитата на малцинствата и заштитата на основните права “, политичарите, кои се продаваат, имаат влијание и ние треба да дејствуваме решително против сето тоа “, додаде Меркел.

Говорот на Меркел ги следи повиците на неколку германски политичари, кои сакаат од гласачите да не го следат отровот на Австрија, која издигна на власт крајно десничарски фигури . “На таквите луѓе не треба да се дозволи да вршат никаква одговорност во Европа”, рече  Анегрет Крамп Каррен 

Конзервативниот канцелар Себастијан Курц исто така е “одговорен” за покана на партијата  на Хајнц-Кристијан Штрахе да се приклучи кон владата, рече министерот за надворешни работи, Хаико Маас.