Меркел: Германија ќе донира три милиони вакцини на Западен Балкан

од Nikola Popovski

Германија ќе им даде три милиони дози вакцини против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– И (ќе) го сториме тоа што е можно побрзо – додаде таа на прес-конференцијата по „Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2021 година“, на кој беше домаќин, објави Ројтерс.

„Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа“, рече неодамна таа.

Во видео порака во неделата, Меркел рече дека ја радува, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, што беше лансирано во 2014 година, како дел од Берлински процес по иницијатива на Германија.

Слични содржини