Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека бегалците не го донеле тероризмот во Германија, пренесе Ројтерс.
Говорејќи на предизборен настан пред локалните избори во источната провинција Мекленбург – Западна Померанија, таа додаде дека исламот има место во Германија, ако се практикува на начин кој ќе ја почитува уставот.
Канцеларот рече дека многу луѓе заминале од Германија за Сирија, каде што биле обучени од екстремистите на “Исламска држава”. “Оваа група не загрижува овеќе неколку години”, рече таа во својот говор во Нојштрелиц, на 100 километри северно од Берлин.
Ројтерс потсетува неодамнешното соопштение на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, дека над 800 луѓе од Германија заминале за Сирија и Ирак, за да се борат на страната на ИД.
Меркел рече дека во Германија нема место за оној вид ислам, кој не го почитува уставот на земјата и не ја прифаќа рамноправноста на жените, и дека тие мора да “се чуваат” како и сите други жени.