Меркел и Макрон скокнаа на пиво, честеше Бател (ФОТО/ВИДЕО)

од desk2
167 прегледи

По разговорите за Брегзит, Ангела Меркел, Емануел Макрон, Шарл Мишел и Гзавие Бетел свратија на пиво и помфрит во еден бриселски бар доцна синоќа.

Германската канцеларка и францускиот претседател разговараа со гостите од ресторанот, а домаќин им беше белгискиот премиер Шарл Мишел. Премиерот на Луксембург Гзавие Бетел раскажа денеска дека синоќа своите колеги ги честел со пијалок за да го прослави реизборот.

„Беше многу убаво. И ние сме луѓе“, рече Бател по доаѓањето на вториот ден од самитот.

Додека разговарале со гостите за Брегит, тие ја прашувале германската канцеларка, а таа рекла: „Ве молам, ова е прекрасна вечер. Ајде да не ја расипуваме“.