Меркел ја одбила понудата од Њујорк

од Nikola Popovski

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел лично му се јавила на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и му рекла дека не ја прифаќа понудата да работи во светската организација, јави германската агенција ДПА, повикувајќи се на администрацијата на Меркел.

„Меркел минатата недела му се јави на генералниот секретар, му се заблагодари и рече дека не ја прифаќа понудата“, наведува германската агенција, а пренесува РИА Новости.

Агенцијата ДПА претходно објави, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, дека Гутереш ѝ понудил на Меркел да претседава со телото за глобални јавни добра, што потенцијално треба да биде од корист за сите граѓани на светот.

Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш кој е дел од реформите на ОН.

Во извештајот за реформите на ОН минатата година, Гутереш најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да формираат глобален список на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

Слични содржини