Мерки за спас на економијата: Секој да добие дополнителен одмор

од Aleksandar Petrovski
159 прегледи

Владата на Нов Зеланд размислува да воведе дополнителен одмор за да го засили домашниот туризам.

Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека тоа е една идеја која потенцијално би можела да и помогне на економијата на земјата.
Туризмот е главниот сектор на Нов Зеланд, а во земјата странските туристи заради пандемијата со коронавирусот моментно не доаѓаат, па целата индустрија е во тешка состојба.

-Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сосптвениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на Маорите, рече Ардерн.

Нов Зеланд во последните неколку седмици ги ублажи рестриктивните мерки.

Владата која воведе еден од најсилните карантини на светот, соопшти дека вирусот е елиминира во земјата.

Слични содржини