Мерко од вчера на црната листа на САД поради корупција

од Nikola Popovski

Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден го прогласија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко за персона нон грата поради неговата вмешаност во значителна корупција, со што ќе добие забрана за влез во САД.

Како што соопшти Стејт департментот, Мерко како градоначалник на Струга присвоил средства и се мешал во судски и други јавни процеси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија.

„Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Американски Држави стојат со Северна Македонија во промовирањето на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците поврзани со владеењето на правото“, посочува Стејт департментот.

Со ова, како што е наведено, се потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја ограничува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ.

Слични содржини