Мерцедес воведува нов дигитален кокпит во сите модели

од desk2
131 прегледи

Германскиот производител на автомобили Мерцедес, потполно ќе ја дигитализира командната табла со мултимедијален систем кој дебитираше на генерацијата од А класа и наскоро ќе биде вградена во сите модели.

Како замена за COMAND удерот, новиот MBUX мултимедијален систем, со два дигитални дисплеја на командната табла, базиран на системот Lunux, а има и Nvidia графичка картичка и 8 GB RAM меморија.

Како што велат во Мерцедес, овој систем е полесен за користење, со само две нивоа на мени во длабочина.

Во следните две години ќе биде усовршен.

Системот има можност за управување со глас, а се активира со изговарање на „Еј, Мерцедес“.

Потоа, возачот има можност до говорни наредби да управува со повеќето команди и функции во автомобилот, кои се достапни во рамки на MBUX системот.