Драги Ѓоргиев, копретседавачот на Мешовитата за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, на прес-конференција изјави дека средбата поминала навистина во академска атмосфера со плодна, слојна дискусија која за жал не донела.
„За жал, морам да констатирам дека имаме напредок „нула“ после денешната средба. Не најдовме заеднички јазик околу темите за кои разговаравме“, потенцира Ѓоргиев, додавајќи дека проблемот со придавката „македонски“ е во тоа што не се согласуваат во однос на тоа, во кој контекст може да се употреби во однос на Преспанскиот договор.
Според него без резултат завршила и точката за Цар Самуил, бидејќи, како што рече, македонската страна отстапувала од веќе подготвен заеднички текст.
„За жал се движиме многу полека, како желка“, додал Димитров.