Димитров: Македонските колеги одбиваат заедничко чествување на браќата Миладинови и Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Нема напредок во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија, изјави нејзиниот копретседавач од бугарска страна Ангел Димитров по состанокот на комисијата вчера и завчера.

„Нашите колеги едноставно не можат да ја дозволат идејата за заедничка историја, за она што е вградено во Договорот за пријателство и добрососедство. Дали има притисок или има влијание, сметам дека има. Тоа е континуирано, се разбира, особено поради политичките околности избори таму што создаваат одредена политичка тензија“, наведува Димитрив.

Тој додава дека „македонските колеги одбиваат заедничко чествување на браќата Миладинови и Гоце Делчев, а работата за заедничко читање на историјата не може да го помине средниот век“.

Следниот состанок на Мешовитата историска комисија е во декември.

Слични содржини