Меси искачи уште едно скалило во историјата на Барселона

од desk3
89 прегледи

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се искачи до петтото место на вечната листа на клубот за најмногу натпревари. Аргентинецот влезе како замена во дуелот против Алавес кој Барса го загуби изненадувачки со 1: 2 дома.

14735873244

29-годишниот Меси веќе има 536 натпревари во дресот на каталонците. Тој го надмина поранешниот голман на тимот Виктор Валдес, кој има 535 дуели. Пред Лео Меси останаа само четворица. Четврти е Мигел со 549 натпревари, достигнување кое Меси најверојатно уште во оваа кампања ќе го подобри. Карлес Пујол е трет со 593 натпревари, а Андрес Иниеста има 594. Лидер многу напред пред сите останати е Чави со 767 натпревари.