153
Меѓу жртвите од разорниот земјотрес во Турција има и осумгодишно момче со српско потекло, изјавија за „Танјуг“ извори од турските власти.
Се наведува дека таткото на момчето е српски државјанин, а неговата мајка е турска државјанка.
Како што било соопштено за „Танјуг“, осумгодишното момче било погребано во вторникот во Искендерун.
Според последните податоци, речиси 16.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.