„Ми се превртува желудникот“: Скопјанка сведочи за хоророт кој го доживеала нејзината мајка во Карпош

од Nikola Popovski
332 прегледи

Скопјанка доживеала хорор откако била нападната во влез од зграда во скопската населба Карпош. За ова информира нејзината ќерка која сподели фотографии од немилиот настан.

-Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но нажалост од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак ВНИМАВАЈТЕ овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и све остало внимавајте, Скопје оддамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив, порачува ќерката на нападната жена.

Таа додава дека нејзината мајка во моментов е добро, но стравот е поголем.

И на Твитер беа објавени фотографии од безбедносни камери од истиот настан, по што пристигнаа голем број реакции од корисниците на социјалната мрежа дека во Карпош 4 наводно биле нападнати 11 жени и притоа се извршени тешки кражби.

Од МВР демантираа такво нешто.

-Согласно статистичките податоци, во периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се две тешки кражби во куќи и четири тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување. Во истиот период има две пријави за „тешки кражби на дрзок начин“ и едно кривично дело „Обид за разбојништво“. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство, соопштија од полицијата.

Слични содржини