Премиерот Христијан Мицкоски информира дека Законот за Договорот со Велика Британија нема да го носат на шверцерски закон во Собранието, преку злоупотреба на европско знаменце. Истакнува дека договорот нема да биде класифициран како државна тајна.
-Јас сега ги разбирам, гледаат дека Македонија се гради и добро се раздвижува економијата. Не можам да ги оправдам и не е мој карактер да кријам. Македонската јавност се ќе има на увид. Секој потрошен цент ќе биде на увид, рече премиерот на новинарско прашање.
-Нема потреба да растураме пердуви на тема која што не постои. Сега ние можеме да си измислуваме теми – дека надвор е темно, а гледаме дека е ден. Зарем изјавата на британскиот амбасадор не е доволна кој рече дека нема да има никакви кампови или мигранти. Тоа е исто како сега да кажам како ќе коментирате дека надвор состојбата е мрак, а гледаме дека е ден, кажа Мицкоски откако беше запрашан за објавената снимка и изјавата за британски „Скај Њуз“.
Претходно од СДСМ обвинија дека Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер ќе се разговара за примање на мигранти во Македонија како дел од Договорот за стратешко партнерство.