64
Во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио, да има влада со ДУИ и со сегашното нејзино раководство.
Ова во интервју за Канал 5 го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На следните парламентарни избори, рече Мицкоски, ќе биде носител на листа и повтори дека поддржува една изборна единица.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека нема никаква комуникација со премиерот Димитар Ковачевски.