Мицкоски заплашува со „редефенирање на Македонија“, од СДСМ му порачаа да не измислува глупости

од Nikola Popovski

Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинирање на државата. Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со Левица во анти ервопскиот, изјави Жаклина Лазареска, пратеничка на СДСМ, како реакција на изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија.

Лазаревска порача дека време е за глас за Европа во македонското Собрание, а не за нови бесмислени измислици кои немаат никаква врска со реалноста.

-Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат: Дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица?, праша пратеничката.

Мицкоски денеска од Кавадарци соопшти дека до него допираат информираат дека предмет на дискусија на Работната група за уставни измени не е само за внесување на бугарското малцинство во Преамбулата, туку како што вели, и целосно редефинирање на Македонија како држава.

-Да биде бинационална во која што ќе постојат два народи, неколку етнички заедници кои сега се дел од народ во рамките на Премабулата и сето останато над одреден процент поврзан со пописот да бидат малцинства. Уште фали да се исцртаат границите и Македонија и формално да биде федерална држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски уште вчера од трибина во Струмица ја начна темата со наводна федерализација на државата. Посочи дека уставните измени кои експертите на Владата ги тераат се во насока на бинационална држава.

-Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има, рече Мицкоски.

Слични содржини