Мигранти палеле возила и повредиле полицаец на Малта

од desk2

Мигранти во прифатен центар на Малта запалиле пет возила и повредиле полицаец за време на протестите, во кои бараат слобода.

 

Насилството избило синоќа во поранешната британска касарна во близина на аеродромот на Малта.

Мигрантите преземале контрола врз дел од кампот, но според портпарол на полицијата, ситуацијата рано изутринава била смирена.

Очевидци тврдат дека мигрантите запалиле неколку соби, како и автомобили кои им припаѓаат на персоналот, а оштетено е и едно полициско возило, при што полесно е повреден полицаец.

Прифатните центри на Малта се пренаселени поради ограничените капацитети, откако во текот на летото во таа земја пристигнаа неколку стотици мигранти.

Слични содржини