Михаел Шумахер наполни 50 години

од desk2
101 прегледи

Најтрофејниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер денеска полни 50 години.

Неговото семејство порачува дека ги прославува неговите победи и рекорди.

Шумахер доживеа тешка повреда на главата на полсениот ден од 2013 година на скијање и од тогаш не е виден во јавноста.

Поранешниот возач на Бенетон и на Ферари по повеќемесечно опоравување во кома е префрлен во семејниот дом во Швајцарија, а малку се знае за неговиот напредок.

„Бидете уверени дека е во најдобри раце. Правиме се што е можно да му помогнеме. Ве молиме да сфатите дека ги исполнуваме неговите желби и го држиме толку осетливото прашање за здравјето во приватност“, порача неговото семејство.

Директорот на Ф1 Рос Брон, некогашниот шеф на Шумахер во Ферари истакна дека е во постојан контакт со неговата сопруга Корина и дека во потполност се сложува со нејзината одлука.

„Михаел одсекогаш беше многу приватна личност и тоа беше водечки принцип во неговата кариера, живот. Семејството секогаш се сложуваше со тој избор“, вели Брон.

Неговото семејство денеска треба да објави официјална апликација Михаел Шумахер која ќе биде вируелен музеј на неговите достигнувања.

Тој седумпати беше светски шампион, два пати со Бенетон (1994, 1995), и пет пати со Ферари (2000, 2001, 2002, 2004, 2004).

Официјално се пензионира во 2006 година, но се прати три години подоцна. а последната трка во Бразил 2012 година имаше 43 години.