370
Синиша Михајловиќ денес заврши уште една фаза на лечење од леукемија.
Сопругата на српскиот тренер Аријана на Инстаграм објави фотографии кои покажуваат дека Синиша се чувствува многу подобро.
Михајловиќ во болницата „Сент Орсола“ во Болоња ја заврши третата фаза од лечењето. Таа фаза траеше шест недели и од страна на лекарите е окарактеризирана како решавачка во борбата со леукемијата.
Аријана и Синиша на фотографијата се среќни.