Неколку минути по пладне, а само 24 часа откако ја напушти болницата „Сант Орсоли“, Синиша Михајловиќ се појави во предградието на Болоња каде се наоѓа тренинг центарот на италијанскиот клуб.
Миха по скоро еден месец се појави на тренинг на Болоња што посебно ги воодушеви сите фудбалери на овој клуб. Последен пат беше со својата екипа уште на мечот со Јувентус.
Доаѓањето на тренинг го овековечи италијанскиот клуб со слика на својот официјален Твитер профил со порака:
„Шефот се врати каде што припаѓа“.
Михајловиќ во наредните два-три дена ќе биде со тимот, но тешко дека во недела од 12.30 часот на мечот штотив Парма ќе биде на домашната клупа на стадионот „Ренато дал’Ара“.
THE BOSS IS 🔙 WHERE HE BELONGS ❤️💙😎#WeAreOne pic.twitter.com/XEg3K5GRBZ
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) November 21, 2019