320
Одлични вести пристигнуваат од Апенините. Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ денеска е пуштен од локалната болница каде се лекуваше од леукемија, објавија италијанските медиуми.
На поранешниот селектор на српската репрезентација за прв пат му беше дијагностицирана леукемија летото 2019 година.
Михајловиќ (53) почна да закрепнува по трансплантацијата на коскена срж во октомври 2019 година, но болеста се вратила оваа година, поради што бил принуден да продолжи со лекувањето.
Болоња изјави дека српскиот тренер и поранешен фудбалер е во добра состојба.
Се очекува Михајловиќ да може да ја води Болоња на еден од преостанатите три натпревари во Серија А.
Болоња го зазема 13. место во Серија А, а во следното коло игра против Венеција.