Милан и Гатузо на колена, Арсенал победи среде „Сан Сиро“

од Vladimir Zorba

Арсенал е само на чекор до 1/4-финалето на Лига Европа, откако го совлада Милан со 2:0 во првиот 1/8-финален дуел на турнирот.

Натпреварот помеѓу двата тима се одигра на „Сан Сиро“, а домаќините имаа многу сериозни проблеми во дефанзивен план и на крајот тоа го кажа својот збор.

Михитаријан отвори за тимот од Лондон во 15-тата минута, а на самиот крај на полувремето и Ремзи се запиша во листата на стрелците.

Овој резултат го прави реваншот во Лондон речиси протоколарен.

Резултати од 19 часот во Лига Европа, 1/8-финале:

Милан 0 – 2 Арсенал
Атлетико Мадрид 3 – 0 Локомотив Москва
Борусија Дортмунд 1 – 2 Салцбург
ЦСКА Москва 0 – 1 Лион.

Слични содржини