Милановиќ:„Какво Брисел, би купил вакцини и од чеченската мафија“

од Берта Китинска

“Руската вакцина ако е достапна, јас би ја купил  и од чеченската мафија. Каков Брисел, кога сте во фрка го нема Брисел, работите во ваш сопствен интерес. Руски вакцини постојат и ни требаат сега”, рече претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Особено интересно е неговото мислење за вакцинацијата спроведена во Хрватска и проблемите што ги имаат земјите од ЕУ со добивање на потребната количина дози.

„Сите се измамени, вакцините доаѓаат и ќе почнат да доаѓаат, лекарите и медицинските сестри ќе бараат луѓе на улиците за да се вакцинираат. Вакцината ќе биде. Кога има повеќе вакцини од луѓето кои сакаат да се вакцинираат, приказната ќе  биде завршена, рече тој.

Ако го слушавме Брисел, додаде тој, кој знае кога ќе донесевме закон за конверзија на заеми со Швајцарците. Не е суверенитет, тоа е елементарна должност на државата.

Слични содржини