Милевски: Исклучувањето на струја во јавните претпријатија е сериозен проблем

од Берта Китинска

Ситуацијата во јавните претпријатија не е добра и се соочуваме со исклучување од системот, вели пеце Милевски претседател на АДКОМ, здружение на јавните комунални претпријатија во емисијата 24 Отворено.

-Исклучувањето на струја значи спречување во директната работа. Тоа е сериозен проблем. Водовод од Кочани веќе е исклучено, а тоа му се заканува и на Куманово. Алармиравме и бараме начин за излез од ситуацијата и алармиравме во летните месеци. Разговаравме и со Регулаторна и со сите пратенички групи. Основното барање е да добиеме поефтина струја, вели Милевски.

Слични содржини