Милков: Да ја вратиме позитивната агенда во билатералните односи што беше изгубена во последните месеци

од Nikola Popovski
124 прегледи

Среќен сум што можам да му посакам добредојде на мојот добар колега и пријател Бујар Османи. Неговата посета на Бугарија се одвива во многу важен период. Тоа е период во кој двете земји се предмет на значителни влијанија од кризите што не погодуваат. Кризи како што се пораст на цените на енергетските ресурси, нарушување на синџирите на снабдување, безбедносни закани. Во исто време нашите односи поминаа и низ периоди кои може да се окарактеризираат како комплицирани“, рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, кој денеска го пречека својот колега од Република Северна Македонија Бујар Османи.

„Да ја вратиме позитивната агенда во билатералните односи, нешто што се чини дека е изгубено во последните месеци од двете страни на границата“, рече Милков.

„Парадокс е што имаме една визија за развој на регионот и за развој на нашите билатерални односи. Парадокс е што имаме и механизам за нивно решавање, што е утврдено со потпишаните билатерални документи. Тука мислам на Договорот од 2017 година како и на протоколите меѓу владите на двете земји. Имаме и мултилатерални обврски потпишани од сите земји членки на Европската Унија. И во исто време, излегува дека постои атмосфера која не е позитивна во развојот на нашите односи. Тоа се обидуваме да го надминеме со оваа посета“, потенцира Милков.

„Заедно со прашањата за кои разговаравме за постоечките пречки кои треба да ги надминеме, знаете каква е состојбата со клубовите, состојбата со влезот на Бугарите во Уставот, се фокусиравме и на позитивните работи во нашите билатерални односи“, изјави Милков за темите на разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи.

Слични содржини