Милков: Нема заеднички да ја чествуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев

од Vladimir Zorba

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, денеска изјави дека ќе нема заедничко чествување со С Македонија на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај.

Министерот, во изјава што ја цитира Бугарското национално радио (БНР), вели дека очекува оние граѓани на Бугарија кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше годишнината од неговото раѓање.

„Ќе организираме прослави во Бугарија за Гоце Делчев, затоа што во оваа фаза не мислам дека ќе има општи прослави. Нема да правиме со нив таму (во С Македонија н.з.) бидејќи минатиот пат немаше… Се надеваме дека амбасадорот на Република Северна Македонија ќе присуствува на чествувањата што ќе ги правиме овде во Бугарија, а бугарските граѓани кои сакаат да одат, не можам да ги предупредам да не одат, но мора да знаат дека може да наидат на пречки“,рече шефот на бугарската дипломатија, цитиран од БНР.

Слични содржини