Милков: С. Македонија не прави никаков чекор кон спроведување на европскиот предлог

од Nikola Popovski

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков денеска порачал дека затворањето на бугарските културни клубови Македонија ги зголемуваат тензиите меѓу двете земји.

Како што објави „БНР“, Милков бил запрашан да го коментира вчерашното интервју на претседателот Стево Пендаровски, но одбил да одговори, за како што вели, да не придонесе за зголемување на тензиите.

Тој бил дециден дека не гледа напредок.

-Дали свесно се обидуваат да ја подигнат тензијата, не знам, но она што исто така би го кажал е дека откако беше усвоен таканаречениот европски предлог, од целата Европска унија, Бугарија и Република Северна Македонија, на парламентарно ниво не гледаме ниту еден чекор што е направен во насока на негово спроведување или спроведување на Договорот за добрососедство, ниту во учебниците, ниту никаде. Да не зборуваме за другите чекори, рекол Милков.

Слични содржини