Милков: Додека преговара со ЕУ, С. Македонија всушност преговара со Бугарија

од Nikola Popovski
180 прегледи

Бугарија е Европската Унија. Додека преговара со ЕУ, Република Македонија всушност преговара со Бугарија, вака денеска изјавил в.д. министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

„Не сакам да го коментирам тоа што го кажа македонскиот претседател Стево Пендаровски. Сакам да дадам некои принципиелни коментари за системски прашања во односите. Се надеваме дека законот о извршните органи во РСМ ќе ја гарантираат безбедноста во државата, вклучително и на луѓето со бугарска етничка и национална самосвест“, рекол Милков во врска со она што македонскиот претседател го рече дека нема да преговара со Бугарија за историски прашања и нема да ја посети Бугарија доколку треба да разговара слични теми.

Милков појаснил дека не преговараме за историја, туку дека работите се оставени во рацете на Историската комисија. Според него, таа мора да утврди кои се историските факти и историските вистини.

Тој посочил дека дипломатијата е покомплицирана од фудбалската игра, во дипломатијата може да има две победнички страни и тоа е всушност стремежот.

„За жал, во дипломатијата, за разлика од фудбалот, може да има две поразени страни и ние не треба да бидеме таму. Тоа се работите што треба да ги разберат оние што зборуваат и зборуваат. Многу би ми било жал доколку претседателот Пендаровски искаже вакви мислења, бидејќи ова доаѓа еден ден откако тој беше тука и претседателот Радев направи се што беше можно ЕК да помогне“, вели меѓу другото шефот на бугарската дипломатија.

Слични содржини