Милман: Мора да го одиграм најдобриот натпревар за да го победам Ѓоковиќ

од desk4
99 прегледи

   Австралискиот тенисер Џон Милман изјави дека ќе мора да го одигра најдобриот натпревар во кариерата доколку сака да го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и да се пласира во полуфиналето на Ју-Ес опен.

– Може да звучи здодевно, но морам да ја контролирам својата страна на теренот. Потребно е грешките да ги сведам на минимум и да ја користам секоја можност, ако сакам да го загрозам на било кој начин. Немам илузии, мора да го одиграм најдобриот натпревар ако сакам да го победам Ѓоковиќ. Тој е физички подготвен и ќе ја искористи секоја можност, истакна Милман.

За 29-годишниот австралиски тенисер ова е прво четвртфинале на Гренд слем во неговата кариера. Тој го направи досега најголемото изненадување на Ју-Ес опен откако по три и пол часа игра во осминафиналето го совлада фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер.