Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Комисијата за европски прашања кажа дека до него стигнал материјал од укжаувач, кој му доставил аудио материјал од јавен интерес, а наводно содржел индиции за организиран криминал кај актуелната власт.
„Овој транскрипт фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки“, рече Милошоски, кој пушти аудио разговор.
По реакциите на пратениците дека не се слуша, тој рече дека се работело за лице со иницијалите З.З., па го прочита транскриптот.
„Му требаат пари за тоа телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија, а тој ми рече имам од Хрватска, но главно од Циле, од Силјан Мицевски, од тоа проектот со старечките домови. Ние на неколку пати го помагаме за телевизијата, главно за маркетинг. Тоа беше уште лани“, рече Милошоски цитирајќи го транскриптот.
Тој повторно го пушти аудио материјалот, но на снимката не се слушна ништо освен шуштење и минимален тон кој буквално не се разбира што зборува.
А.Т.