Ги кажавме нашите услови очекуваме СДСМ да ја превземе одговорноста и да се обрати до нас, да не извести дали прифаќаат фер, демократски, меѓународно, изјави на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ постави два услови од кои ќе зависи датумот за избори: да се воспостават подобри здравствени протоколи на денот на гласањето и да се обезбеди мониторинг мисија на ОБСЕ. Штом дојдат набљудувачите следниот ден треба да се почне со кампања и така да се дојде до изборниот датум, посочувајќи го 15 јули како прифатлива опција за опозицијата,порача Милошоски.
Тој напомена дека СДСМ треба да ги испочитува членовите и надлежностите на ДИК.
-ДИК. најдобро знае во какви канцеларии и помали месни заедници се гласало до сега. За жал во некои од тие места нема ниту простор за членовите на избирачкиот одбор, камоли за набљудувачи. Треба да се седне со ДИК и Комисијата за заразни болести која ја предводи д-р Караџовски – да неполитизира премногу, и да се обезбедат усови за пристојно гласање со намален здравствен ризик за секого, изјави Милошоски.